Македонија почнува со производство на ново органско ѓубриво

Bez autora
Feb 20 2012

По пет години лабораториско испитување и четири години пробни тестирања врз различни растенија, од оваа година Македонија официјално почнува со производство на ѓубривото Биофлор", коешто значително ги зголемува приносите и е поевтино во споредба со хемиските препарати што се употребуваат за прехрана во земјоделството. Ѓубривото е произведено од органски суровини што се преработуваат во легла на калифорниски глисти и ќе овозможи значителен пораст на производството во органскиот сектор на земјоделството во Македонија. Докажано е дека приносите со употреба на Бифлорр се зголемуваат до 60 проценти кај житарките и трипати кај градинарските култури. Според Слободан Вуксановиќ, кој е најголем производител и координатор на производството на неколку десетици фарми кои со легла на калифорниска глиста произведуваат биохумус, Биофлорот само во Македонија се произведува во течна состојба.

Македонија почнува со производство на ново органско ѓубривоПо пет години лабораториско испитување и четири години пробни тестирања врз различни растенија, од оваа година Македонија официјално почнува со производство на ѓубривото Биофлор", коешто значително ги зголемува приносите и е поевтино во споредба со хемиските препарати што се употребуваат за прехрана во земјоделството.

Ѓубривото е произведено од органски суровини што се преработуваат во легла на калифорниски глисти и ќе овозможи значителен пораст на производството во органскиот сектор на земјоделството во Македонија. Докажано е дека приносите со употреба на Бифлорр се зголемуваат до 60 проценти кај житарките и трипати кај градинарските култури.

Според Слободан Вуксановиќ, кој е најголем производител и координатор на производството на неколку десетици фарми кои со легла на калифорниска глиста произведуваат биохумус, Биофлорот само во Македонија се произведува во течна состојба. Дел од производство ќе се продава надвор од Македонија, а досега сериозен интерес за ова ѓубриво пројавиле големи органски производители од Русија, Кина и Египет.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik